Британската кралица Елизабета II денес се вакцинирала против коронавирус. Се вакцинирал и нејзиниот сопруг Филип, објави Бекингемската палата.

-Кралицата и војводата од Единбург ја примија вакцината, стои во краткото соопштение.

Извор близок до нив рекол дека двајцата се вакцинирани од страна на доктор во дворецот Виндсор, додавајќи дека кралицата ја објавила веста за да спречи можни шпекулации.

Велика Британија вчера ја одобри вакцината на Модерна, која ќе биде достапна напролет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.