Британската кралица Елизабета Втора го помилува 42-годишниот Стивен Галант, затвореник кој издржува казна за убиство и кој минатата година стана познат откако успеа да совлада терорист во Лондон.
Галант се најде на местото на инцидентот затоа што учествуваше во настан како дел од програмата за рехабилитација на затвореници во ноември 2019 година, кога Усман Кан, вооружен со два ножа, нападна минувачи и уби двајца студенти кои помагаа во програмата за рехабилитација на затворениците.
Снимките од нападот покажуваат како Галант и уште двајца мажи успеваат да го совладаат Кан и да го спречат да продолжи со убивањето.
Со одлука на кралицата Елизабета Втора, казната му е скратена за 10 месеци за да може да се појави пред комисијата за помилување во јуни.
Галант ќе добие признание за неговиот храбар чин со кој ги спаси животите на многумина, а притоа го ризикуваше својот живот – соопштија од Министерството за правда.
Галант во 2005 година беше осуден на 17 години затвор за убиство на пожарникар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.