Британската кралица Елизабета II даде конечно одобрување на законот со кој се спречува премиерот Борис Џонсон да ја извлече земјата од ЕУ без договор до 31. октомври.

Овој потег на кралицата Елиџабета II , познат како ,,кралско одобрување” се носи во случај кога владата не се согласува со одлука на Парламентот или обратно.

Во овој случај станува збор за законот донесен на почетокот на минатата недела од Парламентот , со кој се забранува Британија да излезе од ЕУ без договор.

На овој закон се противеше Владата на Борис Џонсон , која најави излез на земјата со или без договор до 31. октомври.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.