Белгиските власти го потврдија првиот смртен случај од новиот коронавирус, ковид-19, во земјата, јави дописничката на МИА.
Станува збор за 90-годишен пациент хоспитализиран во Брисел.
И покрај сета медицинска нега, денеска почина 90-годишен пациент – изјави министерката за здравство, Маги Де Блок.
Властите им изразија сочувство на членовите на семејството на починатиот, а прес конференција е предвидена претпладнево.
Белгија сѐ уште се наоѓа помеѓу втората и третата фаза на безбедност во однос на пандемијата, трите региони не успеваат да се усогласат за мерките.
Додека Брисел и Валонија преземаат построги мерки како откажување на собири со повеќе од илјада лица во затворени простори, властите во северниот регион Фландрија стравуваат пред сѐ за економските последици од таквите мерки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.