Премиерот Борис Џонсон го објави денес својот план за излез од карантинот поради коронавирусот, дозволувајќи им на некои луѓе да се вратат на работа, но предупреди дека сите треба да носат прекриви на лицето во затворен простор бидејќи ковид -19 е тука за да остане.

Ова не е краткорочна криза, се вели во документот на 51 страница со наслов „Нашиот план за обнова: Стратегија за обнова од ковид-19 на Владата на Велика Британија“, пренесе Ројтерс.

Веројатно е дека ковид-19 долгорочно ќе циркулира кај човечката популација, што може да предизвикува периодични епидемии. За во блиска иднина, големи епидемиски бранови не можат да бидат исклучени без продолжување на некои мерки.

Владата соопшти дека ќе воведе 14-дневен карантин на меѓународните патници со некои исклучоци. Исто така, се вели дека луѓето треба да носат прекривки за лицето во затворени простори каде што социјалното дистанцирање не е возможно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.