Ковид-19 е директна причина за смртта кај околу 89 проценти од смртните случаи во Италија кои биле позитивни за вирусот, покажуваат податоците на италијанскиот Висок институт за здравство и Националниот институт за статистика (ИСТАТ) .

Преостанатите смртни случаи се однесуваат на кардиоваскуларни заболувања (4,6 отсто), тумор (2,4 отсто), респираторни заболувања (еден процент), дијабетес (0,6 отсто), деменција (0,6 отсто) и болестите на дигестивниот систем (0,5 проценти).

Во извештајот се наведува дека Ковид-19 може да предизвика смрт дури и кај пациенти кои немаат други здравствени проблеми.

Во 28,2 проценти од случаите, немало други здравствени проблеми, се вели во извештајот на Вишиот институт за здравство и ИСТАТ.

Како што е наведено, 31,3 проценти од смртните случаи заразени со Ковид-19 имале друг здравствен проблем, 26,8 отсто имале два, а 13,7 отсто имале три или повеќе проблеми со здравјето.

Во истражувањето биле вклучени 4.942 смртни случаи од Ковид-19.

Во Италија од почетокот на пандемијата од Ковид-19 умреа 35.017 лица, со што оваа земја стана петта земја во светот  според бројот на смртни случаи по САД, Бразил, Велика Британија и Мексико.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.