После вчерашниот ден кога во Италија починаа рекордни 793 лица заразени со коронавирус, италијанскиот премиер Џузепе Конте издаде наредба за затворање на сите производствени објекти засега до 3 април, а дозволени се активности кои се неопходни: агро-индустриското производство, транспорт и производство на лекови.
Тој оцени дека Италија поминува низ најтешката криза по Втората светска војна и го повика народот на дисциплина, да остане во своите демови и да им верува на институциите. Апелираше да не се создава паника и уште еднаш ги увери граѓаните дека нема да има недостиг од храна.
Вчера беше четвртиот по ред најлош ден во Италија според бројот на жртвите. Од 973, 500 беа од Бреша и Бергамо. Бројот на заразените порасна во однос на претходниот ден за 13,9 проценти.
Околу 80 отсто од заразените се лица постари од 80 години. Според податоците на Високиот институт за здравство само 12 лица починале од коронавирусот, а немале други болести.
Претседателот на Италија Серхио Матарела изјави дека во десеткувана цела генерација на стари лица.
Епидемиолозите предвидеа дека овој викенд епидемијата на коронавирус во Италија ќе го достигне својот врв, но судејќи според бројот на новозаболени и пораст на починатите има причина за грижа дека пикот уште не е достигнат во Италија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.