Австриските власти соопштија дека еден од вработените во владата е позитивен на ковид-19, но тој не работел непосредно со канцеларот Себастијан Курц.
Од Владата соопштија дека сите кои работеле со лицето позитивно на коронавирусот се негативни и дека нивната работа не е загрозена.
Курц редовно се тестира за ковид-19, пренесуваат странските агенции.
Одговорот на Австрија на пандемијата се смета за релативно успешен, а неодамна, по растот на бројот на заболени беа заострени правилата за носење маска.
Според податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс, во Австрија од почетокот на пандемијата починале 718 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.