Бројот на заразени луѓе од новиот тип на коронавирус кој се појави во Кина пораснал на 440, а девет луѓе починале, соопшти Кинеската здравствена организација.

Заразените пациенти се идентификувани во 13 кинески провинции, изјавил директорот на Националната здравствена комисија Ли Бин.

СЗО денес ќе одржи итен состанок по повод новиот корона вирус.

Веќе имаше пренесување на вирусот од човек на човек и инфекција на медицинските работници. Докажано е дека болеста се пренесува преку респираторниот тракт и дека постои можност за мутација на вирусот, изјавил Ли.

Сите девет починати пациенти биле од провинцијата Хубеи каде што има најмногу заболени. Надлежните граѓани треба да го избегнуваат метежот и јавните тоалети, пренесуваат од АР.

Стравот од епидемија се шири затоа што милиони Кинези оваа седмица патуваат низ целиот свет за да ја прослават Нова година во сабота.

Случаите на зараза од овој вирус се идентификувани и надвор од Кина, во Тајван, Филипини, Тајланд, Јапонија, Јужна Кореја, а вчера беше потврден и првиот случај во САД.

Новиот вирус припаѓа на групата вируси кои се предизвикани од САРС, болеста од која во 2002-2003- та година починаа 800 луѓе ширум светот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.