Кинескињаа со кашлање избркала маж, кој сакал да ја силува. Таа му кажала дека само што се вратила од кинескиот град Вухан, по што силувачот избегал.

Осомничениот, идентификуван од полицијата како 25-годишен Сјао, влегол во спалната соба на жртвата (идентификувана како Ји), која живее во градот Jингшан во близина на Вухан.

Кога била нападната, жената во очај извикала: Штотуку се вратив од Вухан, инфицирана сум, во карантин!.Потоа со кашлање се обидела да го турне Сјао, кој ја грабнал за вратот и ја покрил устата со раката, соопшти локалната полиција.

Кога Сјао го слушна тврдењето на неговата жртва дека таа добила коронавирус, тој се исплашил и избегал. Но, пред тоа и украл 3.080 јуани (480 евра), според „Дејли меил“.

Сјао, придружуван од неговиот татко, се предаде на полицијата во понеделникот. Тој се изјасни за виновен и сега е во притвор.

Бројот на заразени со коронавирус во Кина се зголемува. Досега од оваа болест умреле најмалку 427 лица, а над 20.000 се заразени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.