Лас Вегас ги затвори казината со цел да се спречи ширењето на новиот коронавирус, изјави гувернерот на американската сојузна држава Невада, Стив Сисолак.
Затворени се и фитнес и рекреативните центри, ноќните клубови, кино салите и трговските центри.
– Пожарникарите, полицијата, сообраќајот, здравствените и социјалните центри, како и доставувачите на храна, ќе продолжат да работат – нагласи Сисолак.
Во САД се регистрирани 6.400 заболени лица од Ковид-19, а најмалку 109 се починати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.