Коронавирус во светот, состојбата до 10 часот

Свет 12.03.2020 / 10:30

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 126.513 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 4.630, а оздравеле 68.319.

Хрватска – Министерот за екологија и енергетика Томислав Ќориќ изјави дека луѓе кои шират лажни вести за новиот коронавирус треба да бидат казнети, а министерот за внатрешни работи Давор Бижиновиќ и за правда Дражен Бошњаковиќ најавија истрага против такви поединци. На социјални мреќжи се шири вест дека Загреб е под карантин. Во моментот во самоизолација се 5.900 луѓе. Првите тројца кои беа заразени веќе се излекувани

Словенија – Според официјални податоци – има 57 заразени со коронавирусот. Од понедленик се затвораат сите училишта, градинки и факултети. Заразени се две учителки од две основни училишта. Во едната е заразен и ученик.

Србија – Властите затворија некои гранични премини кон Хрватска. Број на заразени е 19.

Ватикан – Папата ги повика Италијанците да останат дома и да ги слушаат одлуките на Владата за карантинот и коронавирусот.

Црна Гора – Нема заразени со новиот коронавирус, но се шират голем број лажни вести.

Австрија – Се поголем број заразени – до утрово 302 лица. Вчера попладне цифрата беше 246. Од почетокот на епидемијата излекувани се четири лица. Од понеделник се затвораат училилштата и градинките до 12 април. Во средните училишта ќе учат онлајн.

Данска – Данските власти ги затвораат сите градинки, училишта и универзитети на две недели од понеделник.  Вработени во државниот сектор чии дејности не се исклучително важни одат на одмор. Има вкупно 514 случаи на заразени, од понедленикот таа цифра е зголемена 10 пати.

Австралија – Регистрирани 125 случаи. Починаа вкупно три лица.

Индија – Заразени осум нови лица, вкупно се 68.

Њујорк – Дау Џонс потона како во кризата во 2008 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.