Бројот на починатите од коронавирус во Италија порасна денеска за 65, што е благ пораст во однос на вчерашниот ден кога изнесуваше 53, соопшти Агенцијата за цивилна заштита.

Истовремено, бројот на заразените од ковид-19 порасна за 280, што е раст во однос на вчерашниот ден кога изнесувањеше 197, пренесе Ројтерс.

Вкупниот број на починати сега изнесува 33.964, што е четврти најголем број на светот по САД, Бразил и Велика Британија.

Што се однесува до вкупниот број на случаи, тој изнесува 235.278 што е седми најголем број на светот по САД, Русија, Бразил, Шпанија, Велика Британија и Индија.

Во северниот регион Ломбардија, кој е најмногу погоден, забележани се 194 од 280 нови случаи.

На одделенија за интензивна нега се наожаат 283 лица, што е благ пад во однос на вчерашниот ден кога изнесуваше 287.

Од коронавирусот се излечени 166.585 лица, додека се тестирани 2,627 милиони луѓе.

Во Грција е забележан скок на бројот на заболените. Според последниот извештај, станува збор за 97 лица. Починале две лица, со што вкупниот број на починати се искачи на 182, објави Прототема.

Вкупно има 3.049 заболени од кои 55,2 отсто се мажи. Од тој број 690 случаи се сметаат за „увезени“, додека преостанатите 1.735 се заразени во земјата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.