Едно од шест работни места во автомобилската индустрија во Велика Британија би можело да се изгуби, доколку владата на оваа земја не делува, се вели во соопштението од вторникот на Друштвото на производители на автомобили (СММТ).

Оттаму додаваат дека 6 илјади работни места во секторот веќе се намалени поради пандемијата на корона вирус, бидејќи производството во автомобилската индустрија го достигна најниското ниво од Втората светска војна, паѓајќи на 99,7 отсто во април во однос на истиот месец во 2019 година.

Индустриската групација повика на итна акција, како што се финансиска помош во итни случаи и намалување на данокот на додадена вредност, како и скратено работно време со цел надминување на кризата.

Главниот извршен директор на СММТ, Мајк Хаус, ја пофали досегашната интервенцијата на Даунинг стрит како „досега невидена“, но додаде дека треба да се направи повеќе.

Една третина од нашата работна сила останува на принуден одмор и ние сакаме тие вработени да се вратат на работа, а не да останат вишок, истакна Хаус.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.