Меѓународната работничка организација (ИЛО) очекува дека работните часови ќе паднат за 14 отсто во вториот квартал од 2020-тата, како резултат на пандемијата со Ковид-19.
Ваквиот пад е еквивалентен на губење на 400 милиони работни места со полно работно време на глобално ниво во вториот квартал, земајќи ја предвид стандардната работна недела од 48 часа.
Меѓународната работничка организација претходно предвиде пад на работните часови од 10,7 отсто, односно губење на 305 милиони работни места во вториот квартал од 2020-тата.
Според извештајот, меѓу најпогодените се Северна, Централан и Јужна Америка со проценет пад на работните часови од 18,3 отсто или загуба на 70 милиони работни места со полно работно време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.