Европската агенција за лекови (ЕМА) ја одобри вакцината против Ковид-19 од американската компанија „Новавакс“, која користи поконвенционална технологија и за која биотехнолошката компанија се надева дека ќе ги намали колебањата во однос на вакцините.
ЕМА препорача издавање на условно овластување за пуштање на пазарот на вакцината „Нуваксовид“ произведена од компанијата „Новавакс“, за заштита од Ковид-19 кај лица над 18-годишна возраст – соопшти Европската агенција за лекови.
Ова е петта вакцина препорачана за употреба во Европската Унија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.