Зградата на американскиот Конгрес е безбедна и слободна, пренесуваат американските медиуми. Објавата следува по неколкучасовната опсада на американскиот Капитол од страна на неколку илјади демонстранти кои упаднаа во зградата откако го совладаа обезбедувањето.
Полициската акција за расчистување на теренот почна околу 17 часот по локално време, односно околу 23 часот по македонско време. Во 18 часот по локално, вашингтонско време, започнува полициски час.
Акцијата на полицијата за расчистување на објектот, откако демонстрантите упаднаа во објектот, не беше агресивна. Има извештаи за употреба на солзавец и шок бомби, но во најголем дел полицијата само ги упати демонстрантите да се оддалечат од објектот. Демонстрантите, во најголем дел, не даваа отпор и ги почитува насоките од полицијата.
Засега не е јасно дали и колку уапсени има од страна на редовните и посебните полициски единици кои интервенираа во последниот час. Но, полицијата која е задолжена за чување на американскиот Капитол соопшти дека уапсила околу 20 лица.
Градоначалничката на Вашингтон, за Си Ен Ен, пред малку изјави дека „има многу апсења“, но не можеше да прецизира за колку лица станува збор. Репотерите од терен, пак, јавуваат дека полицијата пред се се обидува да ги убеди демонстрантите да си заминат без употреба на присила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.