На светските берзи цените на нафтата благо паднаа минатата недела, по седум недели раст и се лизна од највисоките нивоа во последните 13 месеци.

Цената на барелот на лондонската берза минатата недела падна за 0,2 проценти на 69,22 долари, додека на американската берза барелот е поевтин за 0,7 проценти и чини 65,61 долар.

На самиот почеток на минатата недела, настана еуфорија на берзите поттикната од разни стимуланси, меѓу кои и вакцинирањето против COVID-19, па цените на нафтата достигнаа нови највисоки нивоа од јануари минатата година, па се чинеше дека трендот на пораст на цените ќе продолжи осма недела по ред.

Поддршка на цената даде и Конгресот на САД, кој го прифати долгоочекуваниот пакет на нови фискални стимуланси за економијата во износ од 1,9 милијарди долари.
Фискалниот и монетарниот стимул и забрзувањето на процесот на вакцинација во многу земји ја поддржуваат надежта дека животот наскоро може да се врати во нормала, што доведува до забрзано закрепнување на економиите од корона-кризата, а со тоа и побарувачката на нафта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.