Вториот по големина британски аеродром, Гетвик во Лондон, утрово е отворен, откако беше затворен од средата вечер поради хаосот со дроновите.

Авионите ограничено ќе полетуваат и слетуваат, јавуваат од аеродромот . Над 120 000 патници беа погодени од затворањето на аеродромот, а десетици останаа да спијат во аеродромската зграда, па дури и на подот. Полицијата и натаму трага по лицето кое наведувало дронови врз аеродромската писта, поради што авионите не можеле да полетуваат и слетуваат.

Полицијата, заедно со специјалците опремени со снајпери, не успеаја од средата вечер да ги лоцираат дроновите , ниту пак оној кој ги управувал. Од аеродромот им препорачуваат на патниците да проверат дали нивниот авион ќе слета или полета , бидејќи е можно повторно затворање.

Голем број патници се пожалиле дека премрзнале во јужното крило на терминалот, каде ја минале ноќта, а голем број патници е заглавен и на аеродромоте во другиз емји, во очекување на нивниот лет кон Гетвик.

Хаосот почна во средата во 21 часот, кога два дрона ја надлетувале пистата. Аеродромот бил затворен до 4 часот вчера, но потоа пак е затворен, откако дроновите повторно почнале да летаат над пистите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.