Оперскиот бал во Виена секоја година привлекува звучни имиња од сите општествени области. Познати политичари, Холивудски актери, хуманисти и музичари се дел од спектаклот каде присутните уживаат во гала концерт со оркестар и балет.
Влезниците за Виенскиот оперски бал годинава се продаваа по цени од 315, па се до 2.000 евра во ложите.
Една од ВИП гостите, која го привлече вниманието на јавноста на настанот синоќа беше и Кончита Вурст, пејачката која на Австрија и ја донесе победата на Евровизија во 2014 година. Вурст се стекна со интернационално внимание по победата со песната “Rise Like a Phoenix” и остана запаметена како пејачката со брада. Имено, вистинското име на Кончита е Том, но кога настапува како Кончита, бара да се збори за неа во женски род. Минатата година јавно раскажа дека со години наназад е ХИВ позитивна.
За тамошните медиуми пејачката изјави дека на балот дошла на покана на министерот за правда, Јосеф Мосер. Се појави во свечена бела тоалета која ја следи линијата на силуетата, со длабоко деколте.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.