Шестгодишната Тијана Ѓурасовиќ и нејзината 10-годишна сестра Мија, се пронајдени мртви во нивниот дом во Перт, Австралија. Соседите на ова босанско семејство ги слушнале криците на нивниот татко Ненад, кој во петокот после работа го затекнал телото на неговата помлада ќерка на влезот од куќата, додека Мија почивала во пералната.

Нивната мајка Милка била пронајдена на паркингот во близина. Таа веднаш била уапсена и пренесена во болница со повреди кои сама си ги нанела. Денеска, против триесетдодишната жена е поднесено обвинение за убиство, а утре ќе биде изведена пред судија.

Како што пренесува „ВА тудеј“, семејството во таа куќа живеело повеќе од 20 години. Таткото на девојчињата работел како инженер, а мајката како болничарка.

Соседите за австралиските медиуми велат дека ништо не навестувало дека мајката е способна за ваков монструозен чин. Според нив, се работело за среќно семејство, со прекрасно воспитани деца.

Филип Купер, близок пријател на семејството, вели дека пред само неколку дена Мија и Тијана си играле заедно со неговата ќерка.

Сестричките беа неразделни, не ни се верува. Ништо во однесувањето на Милка и Ненад не оддаваше повод за било каков сомнеж, никогаш не делуваа како луѓе кои имаат семејни проблеми, изјавил тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.