Папата Франциск, врховниот поглавар на Католичката црква на 7 мај доаѓа во Скопје. Ова е прва ваква посета на висок поглавар на Католичката црква на нашата земја.

Папата Франциск е роден на 17 декември 1936 година во Буенос Аирес. Покрај италијанскиот, течно зборува шпански и германски, а се служи и со англискиот, францускиот и португалскиот јазик.

Тој имал интересен приватен живот. Кога бил млад обожавал да игра танго и работел како обезбедување во некои ноќни клубови.

На 12 годишна возраст симпатија му била Амелиа Дамонд и наводно и рекол дека доколку не се ожени со неа ќе стане свештеник. Папата нацртал куќа и рекол дека ќе купи таква куќа кога ќе се венчаат, но нејзините родители правеле се за да ги одвојат, објави Слободен печат.

Дознајте повеќе од видеото во продолжение:

<iframe width=”560″ height=”315″ src=”https://www.youtube.com/embed/EfbSKG7qz70″ frameborder=”0″ allow=”accelerometer; autoplay; encrypted-media; gyroscope; picture-in-picture” allowfullscreen></iframe>

Иако претходно имаше најави дека е можно поради посетата на папата Франциск на Скопје, 7 мај да биде прогласен за неработен ден, тоа сепак нема да се случи и денот ќе биде работен, соопшти владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Во текот на неговата посета на Скопје, каде ќе допатува од Бугарија, поглаварот на Римокатоличката црква, покрај средби со државниот врв, ќе ја посети и Спомен-куќата на Мајка Тереза и ќе служи миса на плоштадот Македонија, по што ќе има средби со свештеници и верници во катедралата „Пресвето срце Исусово“.

Тој ден се очекува да бидат затворени за сообраќај голем дел од улиците во строгиот центар на градот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.