Државниот секретар на САД, Мајк Помпео бил иницијатор за одлуката на претседателот Доналд Трамп да одобри напад на иранскиот генерал Касим Силејмани, пренесе Си-Ен-Ен.
Отстранувањето на лидерот на елитната единица „Револуционерна гарда“ од бојното поле било цел на највисокиот дипломат веќе една деценија, пренесува Си-Ен-Ен, изјава од неименуван извор кој вели дека Помпео со тој предлог излегол пред Трамп.
Според извори блиски на Помпео, државниот секретар во текот на својата кариера верувал дека Иран е коренот на сите проблеми на Блискиот исток и се фокусирал на Сулејмани, „командантот во сенка“, кој стои зад тероризмот ширум тој регион.
Како поранешен дипломец од Вест Поинт кој сеуште има многу пријатели во војската на Блискиот исток, Помпео беше уверен дека Сулејмани е виновен за смртта на стотина американски војници, како и дека е архитект на иранските воени операции во Ирак и во Сирија.
Изворот вели дека Помпео изјавил дека „нема да се повлече од јавната служба додека Сулејмани не замине од бојното поле“.
Њујорк тајмс, пак наведува дека зад тоа стои директорката на ЦИА, Џина Хаспел. Директорката Хаспел оценила дека заканата која ја претставува иранскиот генерал е поголема од заканата од реакција на Иран доколку тој биде убиен, наведуваат извори од американската администрација.
Изворите од американската администрација тврдат дека нападот на проиранските трупи во Ирак бил потег со висок влог и покажа дека Помпео има статус на највисок и највлијателен функционер за национална безбедност во Вашингтон.
извор: RTS.rs
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.