Австрискиот канцелар Себастијан Курц вечерва поднесе оставка. Тој го предложи министерот за надворешни работи, Александар Шаленберг, за негов наследник.

52 -годишниот Шаленберг е австриски дипломат, адвокат и политичар.

Роден е на 20 јуни 1969 година во Берн. Од 2019 година, е министер за надворешни работи во владата на канцеларот Себастијан Курц.

Како син на австриски амбасадор, тој израснал во Индија, Шпанија и Франција. Од 1989 до 1994 година студирал право на Универзитетот во Виена и во Париз. По дипломирањето, ги продолжил студиите на Европскиот колеџ до 1995 година.

Во 1997 година, Шаленберг влезе во австриското Министерство за надворешни работи. На 3 јуни 2019 година, тој ја наследи Карин Кнајсел како министер за надворешни работи на Австрија. Тој ја задржа својата позиција во вториот кабинет на Себастијан Курц.

Татко е на четири деца и е разведен.

Шаленберг, дури и во преодната влада, продолжи по курсот на Курц по прашањето за проширувањето на ЕУ. Тој продолжи силно да го поддржува во рамките на ЕУ проширувањето на Унијата кон Западен Балкан и е еден од министрите кои отворено се спротивставија на одбивањето да се започнат преговорите за пристап со Македонија и Албанија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.