Европскиот центар за контрола и превенција на болести (ЕЦДЦ) ја објави новата мапа на која е прикажана моменталната епидемиолошка ситуација во земјите на ЕУ.
Словенија веќе со недели се наоѓа во темноцрвената зона, а со секој нареден ден имаат сè повеќе потврдени случаи на Ковид-19.
Балтичките земји, како и Ирска, Романија и Бугарија остануваат во темноцрвената зона, Германија и Полска главно се во црвена зона со делови на темноцрвена, а епидемиолошката ситуација се влошила и во Австрија, Чешка и Словачка.
Франција и Португалија се целосно во портокалова зона, додека пак епидемиолошката ситуација е најповолна во Италија во која има и зелени делови.
Скандинавските земји се во црвена боја, а Шведска која минатата седмица беше во целосно портокалова зона, сега речиси е целосно во црвена зона, а само нејзиниот централен дел останал во портокалова зона.
Инаку, ЕЦДЦ секој четврток ја објавува корона-картата во која се прикажува каква е ситуацијата со пандемијата во земјите на ЕУ.
Црвено значи дека бројот на активни случаи во последните две седмици е меѓу 75 и 200, а удел во позитивните тестови на Ковид-19 е четири отсто или повеќе и дека вкупниот број на случаи за 14 дена е поголем од 200, но помал од 500.
Темноцрвени се оние кои имаат вкупно 500 или повеќе активни случаи за 14 дена. Бројките се следат во однос на 100.000 жители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.