Управата на покраинските клиники во Салцбург (САЛК) бара помош поради преоптовареност, истакнувајќи оти набрзо нема да можат да гарантираат лекување на пациентите по медицинските стандарди.

Директорот на САЛК, Паул Сунглер предупредува дека ќе настане вонредна состојба, истакнувајќи оти на нековид одделенијата недостигаат 272 кревети, како и дека наскоро нема да има доволно лекари на располагање.

Апелираме на политички одговорните лица да преземат мерки за да се намали бранот инфекции, истакна Сунглер.

Како прва мерка, провинциските власти наредија затворање на центрите за рехабилитација и префрлање на пациенти кои не се заразени со Ковид-19 кај нив. Се преговара и со приватни болници за преземање на операциите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.