Затворските нереди во петокот донесоа најмалку 47 мртви и 75 ранети во западна Венецуела, земја во која невладините организации и семејства на затворениците  редовно ги осудуваат несанитарните услови, насилството и пренатрупаноста зад решетките.

Нередите избиле во затворот „Лос Лианос“ на западот на земјата каде што затворениците ја срушиле безбедносната ограда околу затворот во обид да извршат масовно бегство.

Од управата на затворот, кој инаку бил обезбедуван од војската, се обиделе да преговараат со лидерот на бунтовниците, но затворениците жестоко ги нападнале и притоа го раниле управителот во рамото со остар предмет.

Каролина Гирон од Венецуенската затворска опсерваторија, инаку невладина организација која ги брани правата на затворениците, за „АФП“ изјави дека бунтот и натаму трае затоа што дел од затворениците биле жртви на насилство, не им дозволувале посети и слабо добивале храна.

Според неа, во установата биле сместени дури 2,500 затвореници, иако капацитетот изнесувал само 750.

Поради пандемијата на коронавирусот во Венецуела, тамошните власти ги забранија посетите во затворите. Од официјален Каракас велат дека засега во затворите нема ниту еден случај на Ковид-19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.