Ќерката на рускиот опозиционер Алексеј Навални, Дарија Навалнаја, во обраќање пред Европскиот парламент упати апел до земјите-членки на Европска Унија да реагираат на агресијата на претседателот Владимир Путин и на корупцијата во Русија.
Таа исто така ги повика и земјите-членки на ЕУ да го отфрлат „цинизмот“ на прагматичните односи со Москва.
Пацификацијата на диктаторите и тираните никогаш не функционира. Без оглед колку луѓе се обидуваат да се залажат себеси, надевајќи се дека друг (луд човек) кој се држи до власта ќе се однесува пристојно како одговор на отстапките и флертовите, тоа никогаш нема да се случи. Самата суштина на авторитарната моќ вклучува постојано зголемување на облозите, зголемување на агресијата и потрага по нови непријатели – истакна Навалнаја.
Дарија во Стразбур ја прими наградата Сахаров за слобода на мислата на Европскиот парламент во име на нејзиниот татко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.