Шпанија од 7 јуни ги отвара границите за граѓани од трети земји.
Шпанскиот премиер Педро Санчез, објасни дека е неопходно патниците да имаат сертификат кој докажува дека тие примиле вакцини одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА) или Светската здравствена организација (СЗО). ЕМА ги одобри вакцините на „Фајзер“, „АстраЗенека“, „Модерна“ и „Џонсон и Џонсон“, додека СЗО ја одобри кинеската вакцина на „Синофарм“ за итна употреба, а руската вакцина „Спутник В“ засега не е на ниту една листа.
Новото правило ќе се применува за вакцинираните патници, без разлика која е нивната земја на потекло – информира Санчез, пренесува агенцијата Ројтерс.
Санчез најавува и дека од 24 мај Шпанија ќе им дозволи на туристите од земјите кои не се членки на ЕУ, а кои се сметаат дека носат мал ризик од зараза, да влезат во Шпанија без негативен ПЦР тест.
На оваа листа меѓу останатите ќе бидат Велика Британија, Австралија, Нов Зеланд и Израел.
Санчез соопшти и дека 70 проценти од шпанските граѓани треба да бидат вакцинирани до 18 август.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.