Ирак и САД во јули постигнаа договор до крајот на годината од Ирак да се повлечат сите американски борбени трупи.
Агенцијата Анадолија пренесува дека според овој договорот, странските сили ќе го напуштат Ирак во рок од 15 дена.
Генерал-мајор Тахсин ал-Кафаџи, портпарол на заедничката оперативна команда, за ирачката државна агенција изјавил дека заминувањето на странските сили се одвива според планот.
Тој, сепак, додал дека во воената база Аин ал Ашад ќе остане ограничено странско присуство.
Поголемиот дел од борбените сили го напуштија Ирак, оставајќи ги само советниците и оние кои работат во областа на разузнавањето, извидувањето и обуката – додаде Ал-Кафаџи.
Американските воени бази во Ирак во последниве месеци беа цел на серија ракетни напади, а Вашингтон за нив најчесто ги обвинуваше вооружените фракции лојални на Иран.
Согласно одлуката на ирачкиот Парламент од јануари 2020 година ирачките политичари побараа повлекување на американските војници од оваа земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.