Генералниот секретар на францускиот синдикат, Филип Мартинес, оцени дека мерките што ги објави претседателот Емануел Макрон вечерва не се доволни и повика на „мобилизација заедно со жолтие елеци“ в петок, 14 декември, јавуваат француските медиуми.
Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва порача дека ќе ги намали даноците на пензионерите и ќе ја зголеми минималната плата за 100 евра месечно почнувајќи од јануари 2019 година, но нема да го врати данокот за богатите луѓе.
Во првото обраќање до нацијата, откако протестите против зголемување на даноците низ целата земја прераснаа во немири во Париз, Макрон соопшти на телевизија дека прогласува „вонредна економска и социјална состојба“ и сака Франција која може достоинствено да живее од својата работа!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.