Кардиналот Џорџ Пел , кој е католички свештеник од највисок ранг осуден за педофилија , би можел да биде пуштен на слобода.

Пел (77) беше еден од најмоќните луѓе во Католичката црква во Ватикан. Тој оваа недела би можел да биде пуштен од затвор , доколку Апелацискиот суд ја поништи пресудата за сексуално злоставување момчиња.

Кардиналот во март беше осуден на шест години затвор поради сексуално злоставување на две момчиња , кои во деведесеттите госдини од минатиот век пееле во црковниот хор .

Децата тогаш имале по 13 години. Кардиналот, кој во тоа време бил надбискуп , ги злоставувал децата во катедралата во Мелбурн.

Судот во март одреди дека кардиналот не смее да добие условна слобода порано од три години и осум месеци од служењето затворска казна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.