Британскиот премиер Борис Џонсон во понеделник ќе се сретне со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск на маргините на 74. годишно заседание на Генералното собрание на ОН, изјави денеска неименуван европски претставник.
Како што пренесуваат странските медиуми, состанокот на Џонсон и Туск доаѓа во критичниот момент помеѓу Велика Британија и Европската унија.
Двете страни имаат проблем во постигнувањето договор за излез на Велика Британија од членството во ЕУ (Брегзит), предвиден за 31 октомври.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.