Кипар ги отвора своите граници за посетителите од 13 земји, дозволувајќи им да влезат без карантин под услов да бидат негативно тестирани за коронавирус, објави државната телевизија РИК.
Мерката важи за посетителите од Германија, Австрија, Малта, Грција, Израел, Бугарија, Финска, Словачка, Словенија, Литванија, Норвешка, Данска и Унгарија.
Ако некој посетител се зарази за време на нивниот престој, Кипар ќе ги сноси трошоците за лекување, се вели во извештајот.
Друга група на земји, вклучително и Хрватска, Швајцарија, Чешка, Полска и Романија, се очекува да биде додадена на списокот од 20 јуни. Засега Македонија не е вклучена ни во двете групи.
Во однос на земјите кои не се вклучени во двете категории, се наведува дека дозволен ќе биде влез само за посебни околности и по одобрување од кипарската Влада.
Британските и руските посетители, кои сочинуваат најголем удел на туристи во Кипар, засега остануваат на црната листа поради обемот на пандемијата на коронавирус во нивната земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.