Кинескиот центар за контрола и спречување на болести започна да развива нов вид вакцина против вирусот корона 2019-nCoV, кој предизвикува пневмонија, објави „Чајна Дејли“.
Во написот се посочува дека научниците во центарот успешно го изолирале вирусот и работат на избирање на вистинскиот сој на вирус за производство на вакцина.
Истражувањето и развојот на вакцинатза новиот коронавирус, кој предизвика епидемија во Кина, е на пат, рече Су Венбо, директор на Институтот за контрола на вирусни болести во центарот.
На 31 декември кинеските власти ја известија Светската здравствена организација за појава на епидемија на пневмонија од непознато потекло во градот Вухан, голем трговски и индустриски центар со 11 милиони жители. Патогенот, вирусот корона 2019-nCoV, беше идентификуван на 7 јануари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.