Властите во централна Кина рано утрово ја срушија браната на реката Чуе во провинцијата Анхуи, по што нивото на водата се очекува да се спушти за повеќе од 70 сантиметри.
Според кинеската државна телевизија CCTV, браната била срушена со експлозив, со цел да се ослободи огромна количина вода од неа, поради големите поплави низ целата земја, кои однеле многу животи.
Нивото на водата на многу реки, вклучувајќи го и јакиот Јангце, е невообичаено високо оваа година поради обилните дождови.
Уривањето на браните и насипите поради испуштање вода беше екстремен одговор што Кинезите го користеа во 1998 година за време на најголемите поплави во кои загинаа над 2.000 луѓе, а беа уништени скоро три милиони домови.
Сезонските поплави погодуваат големи делови на Кина секоја година, особено нејзините централни и јужни региони, но беа особено сериозни ова лето. Повеќе од 150 луѓе беа ззагинати или исчезнати во поплавите и лизгањето на земјиштето предизвикано од поројните дождови.
Големите градови досега се поштедени, но загриженоста се зголеми за Вухан и другите метрополи низводно, каде живеат десетици милиони луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.