Поради зголемениот број на увезени случаи на коронавирус, на Кина ѝ се заканува втор бран на инфекцијата во деновите кога „во основа е запрен локалниот пренос на вирусот“, изјави денеска портпаролот на националната комисија за здравство.
Кина веќе има вкупно 693 заразени кои потекнуваат од странство, што значи дека можноста за нов бран на епидемијата е сè уште релативно голема – рече портпаролот Ми Фенг.
Во изминатите седум дена, Кина објави 313 увезени случаи на коронавирус, а само 6 потврдени случаи на локален трансфер.
Повеќето од увезените случаи вклучуваат Кинези кои се вратиле од странство.
Вкупно 3.300 луѓе починаа во Кина, а 81.439 се заразени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.