Градоначалникот на Шулан, град во кинеската провинција Џилин на североистокот од Кина, најавил дека ќе преминат во „воен режим“ за поефикасно да се одговори на проблемите кои настанале после потврдените локални случаи на коронавирусот за време на викендот.

Си-Ен-Ен пишува дека Шулан во изминативе два дена пријавил 14 нови случаи на зараза, а тие податоци се објавени на страницата на зрдравствената провинција Џилин.

Градоначалникот Јун Хуа рекол дека во понеделникот градот ќе усвои строги мерки. На аптеките и болниците ќе им биде наложено да не даваат лекови за намалување на телесната температура за сите потенцијални или потврдени случаи на коронавирус веднаш да бидат уаптени на лекување.

Експерти на кинеската национална здравствена комисија и кинескиот центар за контрола на болести, допатувале во неделата во Шулан за да работат на превенција и контрола на епидемијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.