Вториот човек на кинескиот Црвен крст пристигнал во Ломбардија за да им помогне на тамошните власти и лекари во борбата против коронавирусот.

Сун Шуопенг одржа конференција за медиумите на која жестоко го критикуваше однесувањето на Италијанците.

Не знам што вие мислите, како тоа се однесувате? – кажа тој на прес-конференцијата.

Ситуацијата сега во Ломбардија е како што беше во Вухан пред два месеци“, кажа тој. „Еден месец по воведувањето на карантинот, во Вухан забележавме тренд на намалување на бројот на заразените – додаде.

Тука во Милано, местото најпогодено од епидемијата, нема строг карантин – јавниот превоз функционира, луѓето се шетаат наоколу, се забавуваат на вечери и забави и во хотелите, не носат маски – кажа Шуопенг.

Сите мора да бидеме поодговорни – предупреди кинескиот експерт.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.