Кинеската војска објави дека извела вежби за слетување и напад на плажа на место кое е наспроти Тајван, но додаде дека вежбите немаат никаква врска со моменталните тензии во регионот.
Тајван, островот за кој Кина смета дека е нејзина територија, го осуди зголемениот воен и политички притисок од Пекинг да ја прифати кинеската власт.
Дневниот весник на кинеската армија во краток извештај наведува дека вежбите биле изведени „во последните неколку денови“ во јужниот дел на провинцијата Фуџијан.
Во операцијата учествувале различни воени единици, вклучувајќи снајперисти и експерти за бродови, пишува кинескиот воен весник.
Војниците биле поделени во неколку групи, за да ја освојат плажата и потоа да извршуваат борбени мисии во различни фази.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.