Кинеската докторка Ли-Менг Јанг, кој побегнала од татковината затоа што, како што тврди, добивала закани, упати обвиненија дека вирусот корона потекнува од воена лабораторија и дека Светската здравствена организација претходно криела дека станува збор за предизвикана инфеција.

Ли-Менг Јан, чие семејство и пријатели биле сослушувани и наводно биле загрозени од членовите на Комунистичката партија, станал свиркач откако избегал во САД

Таа откри дека вирусот бил намерно направен во една од лабораториите за време на експериментот со корона вируси на лилјаци, но официјална Кина веднаш ги негирала нејзините тврдења.

Таа раскажала и како започнало ширењето на заразата.

Докторката Менг Јан работела како виролог минатиот декември на Универзитетот во Хонг Конг во лабораторијата за јавно здравје, што е и центар на СЗО за проучување на заразни болести. Нејзиниот претпоставен, професорот Лео Пан, ја замолил да ја испита мистериозната појава на вирус многу сличен на САРС во кинескиот град Вухан, од каде започна пандемијата на коронарен вирус.

Професорот Пан инаку е еден од научниците ко и во 2003 година учествувле во откривањето на геномот на вирусот САРС .

Според светските медиуми, она што го открила д-р Јан, официјален Пекинг го игнорирал и прикривал. Таа, наводно, уште во јануари знаела дека во Вухан се појавила жаришта жариште, каде дошто до тоа вирусот да се пренесува од човек на човек меѓу семејствата.

Таа исто така знаел дека има повеќе заразени луѓе во тој град отколку што се вели во официјалните податоци.

Тие не сакаа јавна дискусија, тие само им кажуваа на луѓето да не се грижат – вели Јан за „Фокс Њуз“, велејќи дека е лага дека вирусот излегол од пазарот Вухан.

Како што вели, д-р Јан не била единствениот медицински работник што сакал да ја претстави вистината за вирусот корона пред јавноста.

Осум лекари се уапсени на 23 јануари поради предупредување за вирусот корона, што го споделиле на социјалните мрежи, под образложение дека „шират невистини“.

Потоа, еден од свиркачите, д-р Ли Венлианг, починал на 7 февруари.

Докторката Јан сфатила дека нешто мора да преземе да откако започнало глобалното ширење на корона вирусот, односно се појавиле жариштата во Ломбардија, Италија, како и на бродот крузер „Дијамант принцезата“,брод кој потоа се вкотви во пристаништето во јапонскиот град Јокохама.

Тогаш вирусот „избувна“ во Северна Кореја, Иран, Блискиот исток, и во други земји.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.