Кина го отвори својот прв паметен привремен оддел на болница за пациенти заразени со корона вирусот, а персоналот во одделот ќе биде составен исклучиво од роботи кои работат на 5G технологија и за пациентите се грижат 24 часа во денот, без паузи и одмор.
Во одделот ќе работат шест типови роботи кои имаат различни должности. На овој начин кинеските власти ги растоварија сопствените меидицински работници, но и го намалуваат ризикоѕ од пренесување на заразната болест на докторите и медицинскиот персонал .
Овој високотехнолошки оддел беше отворен во заботата во болницата вушанг во градот Вухан, од каде што се прошири епидемијата во целиот свет. Роботите во тој оддел на пациентите ик ја мерат температурата, им носат храна и патролираат по собите и ходниците и ги дезинфицираат сите површини. Дел од роботите дури и танцуваат и на тој начин ги забавуваат пациентите кои се во карантин.
извор: Иновтивност.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.