Кина порача дека Тајван нема право да им се приклучи на Обединетите нации, како одговор на тоа што САД ги зголемија тензиите повикувајќи на поголемо учество на островската држава во светската организација.

Тајван нема право да се приклучи на Обединетите нации. Обединетите нации се меѓународна владина организација составена од суверени држави… Тајван е дел од Кина – изјави портпаролот на Канцеларијата за Тајван во Пекинг, Ма Ксиаогуан.

Ова е остриот одговор на официјален Пекинг на забелешките на американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Во изјавата по повод 50-годишнината од гласањето на Генералното собрание на ОН за местото на Пекинг и исклучувањето на Тајпеј, Блинкен вчера кажа дека жали што Тајван се повеќе се исклучува од светската сцена.

Бидејќи меѓународната заедница се соочува со невиден број сложени и глобални проблеми, од клучно значење е сите засегнати страни да помогнат во решавањето на овие проблеми. Ова ги вклучува и 24-те милиони луѓе кои живеат во Тајван. Целосното учество на Тајван во системот на ОН не е политичко, туку прагматично прашање. Затоа ги охрабруваме сите земји-членки на ОН да ни се придружат во поддршката на стабилното и значајно учество на Тајван во целиот систем на ОН и во меѓународната заедница – изјави Блинкен.

Официјален Пекинг го гледа Тајван како провинција која кога тогаш ќе се приклучи кон континентална Кина, доколку е потребно и со сила.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.