Кина, со одредени услови, ја одобри за употреба својата прва вакцина против корона вирусот. Вакцината е изработена од државната фармацевтска компанија „Синофарм“.

Одобрението, објавено од Заедничкиот механизам за превенција и контрола на Државниот совет, следи еден ден откако „Синофарм“ соопшти дека е утврдено дека нејзината вакцина има 79,3% ефикасност во прелиминарните резултати од последната трета фаза од тестирањето.

Кина има за цел да вакцинира најмалку 50 милиони луѓе пред почетокот на празниците по повод Лунатата Нова Година, кон средината на февруари, со цел да го спречи ширењето на вирусот. Ваквиот план е мотивиран од тоа што овој период, за време на празниците стотици милиони луѓе вообичаено патуваат во своите домови.

Покрај „Синофарм“, уште три кинески компании, „Анхуи Жифеи Лонгком“, „КанСино“ и „Синовак“, се наоѓаат во последната трета фаза од клиничките испитувања на вакцината.

Заменик директорот на Националната администрација за медицински производи во Кина, Чен Шифеи, на прес-конференција соопшти дека Агенцијата ја повикува „Синофарм“ да продолжи да ги следи трајноста и ефектите на вакцината.

Стапката на ефикасност на вакцините на Синофарм е зад оние пријавени од американските компании: „Фајзер“ со 95 проценти еикасност и на „Модерна“ со 94 проценти. Меѓутоа, за разлика од вакцините во САД, што треба да се чуваат на температура до минус 70 степени целзиусови, кинеската вакцина може да се чува на нормална температура на фрижидерот.

Кина вети дека својата вакцина ќе ја направи достапна за другите земји во развој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.