Кина се спротивставува на надворешното мешање во внатрешните работи на Белорусија, рече во средата портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лијајан, додавајќи дека Пекинг верува дека Белорусија е во состојба да „одржува политичка и социјална стабилност преку сопствените напори“.

Говорејќи на брифинг за медиумите, Жао ги поздрави напорите на Минск да ја „заштити национална независност, суверенитет, безбедност и развој“, тврдејќи дека Кина не сака Белорусија да „западне во хаос“.

Претходно денес, еврокомесарот за внатрешна трговија на ЕУ, Тиери Бретон, откри дека Европската унија има намера да го засили притисокот врз претседателот на Белорусија Александар Лукашенко со затегнување на санкциите кон земјата по, како што истакна, контроверзните претседателски избори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.