Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека земјата се приклучила кон Глобалната алијанса за вакцини КОВАКС, чија цел е снабдување на земјите со ниски и средни приходи со потребната вакцина против Ковид-19.
Според податоците на Обединетите нации, Кина со оваа своја одлука стана најголемата економија што ја поддржа иницијативата, на која досега и се придружија повеќе од 150 земји.
Програмата ја предводи Алијансата за вакцини ГАВИ, Коалицијата за иновации за подготвеност на епидемии (ЦЕПИ) и Светската здравствена организација (СЗО).
САД и Русија одбија да се приклучат кон иницијативата.
Ова е важна мерка на Кина за поддршка на концептот на заедница со здравствена заштита и да ја исполни својата заложба за промовирање на вакцините како глобален јавен производ – соопшти портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Хуа Чунинг.
Кинескиот претседател Си Џинпинг претходно најави дека вакцината против Ковид-19, што се развива во Кина, ќе биде глобално јавно добро.
Кина во моментов има четири компании што работат на развој на вакцина против корона вирусот и сите се наоѓаат во третата фаза од клиничките испитувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.