На тркалезната маса со лидерите на големите меѓународни институции, кинескиот премиер Ли Кечијанг, изјави дека кинеската економија е длабоко интегрирана во светската економија и дека ќе биде сè поотворена.

Отворањето е самостоен избор за постигнување развој, а вратата ќе се отвора пошироко и пошироко – изјави Ли на шестиот видео дијалог на тркалезната маса во формат 1+6.

Според кинеската медиумска групација (ЦМГ), за време на вчерашниот дијалог, Ли истакнал дека оваа година се навршуваат 20 години од членството на Кина во Светската трговска организација (СТО).

Во изминатите 20 години строго се придржувавме до правилата и искрено ги исполнивме нашите ветувања, што е од корист не само за нашиот сопствен развој, туку и за светот – порача Ли.

Кинескиот премиер додаде дека Кина се придржува до рамномерниот развој на извозот и увозот и не се стреми намерно кон трговски суфицит, како и дека обемот на увозот се зголемува од година во година, така што Кина е втор најголем увозен пазар во светот веќе 12 години по ред.

Според него, Кина активно учествува во регионалната економска соработка и го промовира стапувањето во сила на Договорот за регионално сеопфатно економско партнерство (RCEP) на почетокот на следната година.

Ова е најнаселената зона за слободна трговија во светот со најголем економски и трговски обем и најголем потенцијал за развој. Тоа ќе додаде нов поттик за регионалното отворање и економското закрепнување – изјави Ли.

Според него, Кина се споредила со меѓународно високите стандарди на економските и трговските правила и се пријавила да се приклучи на Договорот за сеопфатно и прогресивно транспацифичко партнерство (CPTPP) и Договорот за партнерство за дигитална економија (ДЕПА).

Ќе продолжиме да се шириме на високо ниво кон надворешниот свет, за да може светот да ги сподели новите можности за развој на Кина – истакна Ли Кечијанг.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.