Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека и Светската здравствена организација рекла оти нема докази дека вирусот Ковид-19 е направен во лабораторија.

Тоа го истакна портпаролот на Министерството, одговарајќи на обвинувањата дека вирусот од кого заболеа повеќе од два милиони луѓе ширум светот, настанал во лабораторија во кинескиот град Вухан.

Обвинувањата за потеклото на вирусот доаѓаат од американскиот државен секретар Мајк Помпео и претседателот Доналд Трамп кои рекоа дека Владата се обидува да одреди дали вирусот настанал во лабораторија во Вухан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.