Нема никаква поврзаност во врска со случајот со апсењето на двајца канадски државјани во Кина и апсењето на ќерката на основачот на „Хуавеи“ и прв човек на финансиите во телекомуникацискиот гигант, Менг Ванџоу, изјави во понеделникот портпаролот на Министерството за надворешни работи на Пекинг, Џао Лиџијан.
Говорејќи на прес-конференција на министерството, Џао изјави дека Кина никогаш „произволно“ не приведува никој.
Коментарите доаѓаат откако канадскиот премиер Џастин Трудо ја повика Кина да стави крај на „произволното притворање“ на Мајкл Ковриг и Мајкл Спавор.
Ковриг и Спавор беа уапсени во 2018 година за обвиненија за шпионажа и беа обвинети минатата недела. Во меѓувреме, Отава ги нарече апсењата како чин на одмазда за Канада, откако земјата ја задржа директорката на „Хуавеи“ Менг во притвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.