Продолжува да расте бројот на заболени од ковид 19 ширум светот. Само во последните 24 часа регистрирани се повеќе од 540 илјади нови случаи а починаа речиси 9000 лица.
Соединетите американски држави повторно поставија негативен рекорд по бројот на смртни случаи. Само во последните 24 часа бројот на починати од компликации предизвикани од коронавирусот достигна 3.963 лица.
Кинеските власти пак не им дозволи влез на претставниците на Светската здравствена организација во државата. Од Пекинг велат дека се уште се договараат деталите за посетата, вклучително и датумите кога треба да дојдат научниците на СЗО. Тие треба да го истражат потеклото на ковид-19 во кинескиот град Вухан, каде прв пат беше откриена заразата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.